Производи / Керамиди
Со реконструкцијата кон крајот на 2010. и почетокот на 2011.година, извршено е вградување на нов екструдер и инсталирани се 2 нови двоглави преси кои што спаѓаат во редот најсовремени во оваа област. На овој начин, освен подобрувањето на квалитетот на производот во поглед на физичко механички карактеристики, овие современи преси овозможуваат производство на нови керамиди "Mладост" – "ЛУКС" програма, која што има низа предности во однос на досегашните модели на керамиди.
MЛАДОСТ КЕРАМИДИ – ПРОГРАМА "ЛУКС"
Предности:
Поголема покривна површина на керамидите (за покривање на 1 m² покрив, потребни се само 12,5 парчиња
- Брзо вградување – заштеда на време (треба да се вградат помал број на керамиди)
- Eкономично вградување те. заштеда на бројот на керамидите и на пратечкиот материјал – помали трошоци за вградување.
Новиот производ е полесен, го намалува оптеретувањето на покривната конструкција
Лизгачко летвосување кое што овозможува:
- Новите керамиди може да се монтираат на постоечката (веќе поставена) покривна конструкција и одалеченоста помеѓу летвите и не бара било какво прилагодување на покривната конструкција на новите керамиди,
- Поголемо преклопување на керамидите спрема специфичните барања и потреби во зависност од нагибот на покривната рамнина.
Унапреден дизајн со нови конструкциски решенија кои што овозможуваат
- многу подобро "затворањe" на покривот со што се обезбедува уште подобра заштита од атмосферските влијанија (дожд, снег, ветар),
- визуелно поубав производ,
- подобри технички карактеристики.
и нормално, новиот производ е изработен од глина со висок квалитет која што ја обазбедува познатата ТРАЈНО ЦРВЕНА БОЈА на керамидите "MЛАДОСT" што го прави препознатлив и единствен на пазарот."
Kaкo гаранција за квалитетот, покрај секојдневната интерна контрола во лабораториите во нашите фабрики, сите производи поседуваат сертификати за квалитетот издадени од страна на европските признаени институти. Исто така, сите производи поседуваат CE знак (Директива на EУ за градежни производи 89/106/EEC) издаден од страна на CIES Институтот од Стара Загора, Бугарија, кој што е овластено тело од страна на ЕУ за тестирање и сертификација на производите по стандардите на ЕУ.

Сите керамиди "MЛАДОСT" подлежат на гаранција од 33 години.