Вести
Меѓународниот саем во Тирана
23. ноември 2016
Ве информираме дека нашата компанија ќе учествува на Меѓународниот саем во Тирана. Настанот ќе се одржи 24-28 Nov 2016 Палатата на конгресите во Тирана Тирана, Албанија...
ИГМ Младост на Саем на градежништво, 4-8, март 2014
25. февруари 2014
Почитувани посетители, како дел од промотивните активности, а со цел што поквалитетно презентирање на нашата производна програма, поставена е и нова web презентација на групацијата "MЛАДОСT".
Нова web презентација на групацијата "MЛАДОСT"
17. jуни 2011
Почитувани посетители, како дел од промотивните активности, а со цел што поквалитетно презентирање на нашата производна програма, поставена е и нова web презентација на групацијата "MЛАДОСT".

ЗА НАС
Наша глина
Во нашите фабрики се користи исклучително квалитетна глина која што била предмет на испитување на Институтот за истражување на материјали од Белград.
Извод од научен труд
"OЦЕНА НА КВАЛИТЕТОТ НА ОПЕКАРСКИТЕ СУРОВИНИ ОД ЈУГОТ НА СРБИЈА "
Др Загорка Радојевиќ, дипл.инг., Милица Арсеновиќ, дипл.инг.технол., Милош Васиќ, дипл.инг.технол.
Во научниот труд прикажани се резултати од истражувањето на квалитетот на три опекарски суровини од југот на Србија: од лежиштето кај Лесковац, од лежиштето кај Власотинце, и од лежиштето кај Maла Плана. Истражувањата опфатија хемиски, минеролошки, гранулометриски и керамичко- технолошки карактеристики од репрезентативните примероци од наведените лежишта. Во научниот труд дадена е оцена на суровините од аспект на квалитетни опекарски производи, енергетска ефикасност и еколошки параметри.
Вовед
Oсновни суровини за производство на опекарски производи се глина, лес, глинци, лапорци и др. Геолошките истражувања и испитувања на суровините во Србија се одвиваат на едноставен начин. Овие истражувања се вршат по општо важечките методи и прописи, кои што даваат доволно податоци за квалитетот и количеството на суровината и врз основа на кои се носи одлука за експлоатација.
Не постои градежен материјал кој што би можел да ги замени опекаррските производи во поглед на цврстина, порозност, изолирачки способности, постојаност, сигурност против пожари, отпорност на атмосферски влијанија и корозија, постојаност на форма и можност за остварување на разноликост при градењето. Покрај наведените позитивни карактеристики на овој градежен материјал, на производството и употребата на опекарските производи упатува и се поургентната потреба за зачувување на околината, а со тоа и зачувување на условите за живот, работа и здравје на луѓето.
Jугот на Србија има развиено производство на различни асортимани со опекарски производи. Во погоните за производство на опекарските производи: "МЛАДОСT" д.o.o. – Лесковац, " МЛАДОСT - РАД" д.о.о. – Власотинце и " МЛАДОСT - TMП" - Maлa Планa, пуштени се во работа современите високо автоматизирани технолошки линии. Нивната работа се потпира на најквалитетната лукална суровинска база. Во научниот труд дадена е оцена на суровините од аспект на квалитет на производот, енергетската ефикасност и еколошките параметри.
KВАЛИТЕТ НА ОПЕКАРСКИТЕ ПРОИЗВОДИ
Врз основа на резултатите од испитувањето на опекарските суровини од југот на Србија може да се заклучи дека со современо производство може да се добијат:
- Oпекарски производи од широката лепеза на асортимани (керамиди, фасадна опека и блокови, опекарски производи за внатрешно ѕидање, елементи за тавани, порозирани опекарски производи и др.
- Производи со високо естетски својства, со интензивна црвена боја,
- Производи без исцветување на соли и дефекти на дејството на кречот,
- Производи со високо механички карактеристики (притисна и совитлива цврстина).
- Производи кои што обезбедуваат добра отпорност од пожар и одлична термички и акустични својства на објектот.
Бојата на печените опекарски производи во основа зависи од минеролошкиот состав на суровината, температурата и условите на печење. Доминантно влијание врз бојата на опекарските производи има железото. Oпекарските суровини содржат железо воглавном во облик на минерали од групата хидроксиди (гетит, лимонит). Во процесот на печењето хидроксидот на железото се трансформира во хематит, кој што на керамичкото тело му дава црвена боја. Од резултатите добиени од испитувањето се заклучува дека бојата на печените производи е интензивно црвена.
Ниската содржина или отсаството на карбонати укажува на отсаство на штетното влијание на кречот на печените производи.
Meханичките карактеристики на печените производи се високи.
EНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ
Резултатите од испитувањето на керамичко– технолошките карактеристики на примероците укажуваат дека бараната температура на печење е релативно ниска, 830-9000C. Ниската температура на печење значително ја намалува специфичната потрошувачка на енергија во процесот на печењето и ја зголемува енергетската ефикасност на процесот. Само да споредиме, најчестата температура за печење на опекарските производи во погоните во Србија е во интервалот 950-10500C.
Добрата пластичност на испитуваните примероци овозможува производство на опекарси производи со потенки ѕидови, односно помала маса што ги намалува потрошувачката на суровината и трошењето на енергијата по единица на нормален формат.
EKOЛОШКИ АСПЕКТ
Избегнувањето на загадувањето на животната средина се поставува пред современите процеси на производство. Производството на опекарските производи дозволува примена на отпадни материјали. Испитуваните суровини може да се мешаат со отпадните материјали со проектирање на оптимален микс за одреден вид на производ.
Eмисијата од гасови во процесот на печењето доаѓа од горивото и од суровините. Па така се појавуваат HF, SO3, SO2, HCl, CO2 и др. Oваа проблематика бара озбилни изучувања на севкупната емисија и на неопходните мерки.
Meѓутоа, на база на резултатите од испитувањето на хемискиот состав на суровините од југот на Србија нема услови за значајна емисија, затоа што содржината на компонентите кои што емитуваат штетни гасови во процесот на печење е минимален или ги нема. Дури и содржината на карбонати во суровината е низок, па готово и да нема емисија на CO2 кој што потекнува од суровината.
ЗАКЛУЧОК
Oпекарските суровини од југот на Србија кои што ги репрезентираат испитуваните примероци претставуваат значајна суровинска база за производство на различен асортиман на производи со високи естетски и физичко - механички карактеристики. Својатвата на суровините им овозможуваат енергетски ефикасно производство во современите погони. Суровините може да се сметаат за квалитетни и од аспектот на се построгите еколошки барања.


