Вести

Меѓународниот саем во Тирана

23. ноември 2016

Ве информираме дека нашата компанија ќе учествува на Меѓународниот саем во Тирана. Настанот ќе се одржи 24-28 Nov 2016 Палатата на конгресите во Тирана Тирана, Албанија...

ИГМ Младост на Саем на градежништво, 4-8, март 2014

25. февруари 2014

Почитувани посетители, како дел од промотивните активности, а со цел што поквалитетно презентирање на нашата производна програма, поставена е и нова web презентација на групацијата "MЛАДОСT".

Нова web презентација на групацијата "MЛАДОСT"

17. jуни 2011

Почитувани посетители, како дел од промотивните активности, а со цел што поквалитетно презентирање на нашата производна програма, поставена е и нова web презентација на групацијата "MЛАДОСT".

детално

o nama

ЗА НАС

Традиција

Индустријата за груба керамика "MЛАДОСT", oбединува три фабрики од југот на Србија во едно препознатливо име, кое што е познато, пред се, по квалитетот на своите производи. Во фабриката во Лесковац организирано е производството на керамиди, додека во фабриките во Топличка Мала Плана и во Власотинце се произведува блоковска роба за ѕидање и за меѓуспратни конструкции. Своето огромно реноме "MЛАДОСT" го темели на сто години долгата традиција. Имено, со основањето на Фабриката за производство на керамички производи во 1911. година, поставени се темелите на современото производство на градежен материјал од глина. Највисокиот оџак во Лесковац се наоѓа токму во оваа фабрика и е симбол за традиција и сведок на уметноста, постојаноста и убавината на градежното создавање.

Производството на градежниот материјал од глина во околината на Лесковац, Власотинце и во сливот на Топлице, е старо колку и присуството на човековите заедници на тој простор. Изобилството на квалитетни суровини го користеле неимарите на древните царства оставајќи споменици од својата градителска умешност. На преминот помеѓу антиката и средниот век, создаден е Царичиниот град кај Лебан, најстариот споменик на архитектурата на просторот на јужна Србија. Традицијата за производство на опека од Византискиот период продолжува и во средниот век, во кој што се создаваат многу дела на сакралната архитектура, првенствено во сливот на Топлице. Од тие дамнешни времиња па до денес се случувале промени во сопственоста и организацијата, но не и промени во вештината на изработка на производи од глина,која што како и препознатливата црвена боја, се покажала како потрајна од многуте општествени системи и епохи.

Токму на темелите на оваа долга и богата традиција во производствот на керамичките производи во овие краишта, на најатрактивните локации, се создадени и нашите фабрики во Лесковац, Власотинце и во Топличка Мала Плана.

Денес, тоа се исклучително модерни фабрики. Со огромните инвестирачки вложувања, во сите фабрики, воведена е најсовремената опрема и технологија која што заедно со исклучително квалитетната суровина и стручната работна сила, овозможува производство кое што ги задоволува најстрогите барања за квалитетна, економична и единствена градба. Благодарејќи му на идеалниот минеролошки состав на суровините, сите производи, освен исклучителни физичко-механички карактеристики имаат и интензивна и трајна црвена боја по која што впечатливо се разликуваат од сите други производи од овој вид. Токму поради овие својства, сите наши производи забрзано освоија многу пазари. Без производите произведени во фабриките "MЛАДОСT", денес, готово не може да се замисли современото градење во Србија, Бугарија, Македонија, Романија, Албанија, Црна Гора,...